За една недела 1172 повици на Ало докторе

Во изминатата  недела  на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе се примени 1172 повици.

75668   повици вкупно   од 15.09.2014 година  НА 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало докторе.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците   се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  сезонски настинки, покачен крвен притисок, симптомна болка, покачена телесна температура и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  Ало докторе им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

 
 
08.02.2016 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега