Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 91. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 91. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија. 

На пленарната седница пратениците ќе расправаат и за повеќе предлог закони и дополнување меѓу кои и за Законот за јавните набавки по скратена постапка, законите за домување и за работни односи во прво читање.

Собранието ќе расправа и по предлогот за изменување и дополнување на законите за железничкиот систем, внатрешна пловидба, гробишта и комунални услуги, комуналните дејности, за јавна чистота, за градење... сите во прво читање.

Пред пратениците се и предлозите за изменувања и дополнувања на законите за ученички стандард, за учебници за основно и средно образование, за наставници во основните и средни училишта, образование на возрасни, студентскиот стандард,... сите во прво читање.

Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика која ќе расправа по Предлог измените на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци и за измените на Законот за спречување и заштита од дискриминација и двата во прво читање.

 
 
08.02.2016 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега