Подгответе се за врнежлива недела

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од шест од 13 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 11 степени.

До вторник ќе преовладува претежно стабилно и потопло време. Од среда нашето подрачје ќе биде под влијание на неколку влажни бранови кои ќе условат променливо облачно и ветровито време со повремени локални врнежи од дожд.

Повеќе врнежи се очекуваат во среда, особено во западните делови, каде на планините во вечерните часови врнежите ќе бидат од снег.

Во среда попладне и во четврток повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

 
 
08.02.2016 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега