СДСМ ја потврди доминацијата во ДИК
Државната изборна комисија (ДИК) утрово на затворена седница ги отфрли како неповрзани со изборите претставките на заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на техничкиот министер Оливер Спасовски.
Со ова беше потврдено дека СДСМ има доминација во ДИК.
Со надгласувањето, членовите на ДИК денеска ја отфрлија жалбата на Чавков во врска со незаконското именување на нов командант на Алфите и вработувањето без оглас и без исполнување на неопходните услови на лице надвор од МВР. На оваа позиција Спасовски го вработи новинарот на 24Вести, Тони Ангеловски како началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.
За оваа позиција каде е вработен досегашниот опозициски новинар, потребен е приправнички стаж и 7 години работно искуство. Но, Спасовски во брзање на си стави свој кадар околу себе, ги погази сите закони и правилници. Ангеловски ниту некогаш работел во МВР; ниту поминал една година приправнички стаж.
Втората одлука со која денес уште еднаш ДИК потвдри дека е во доминација на СДСМ, е наменета за Примислав Димовски кој беше незаконски назначен за нов шеф на единицата „Алфи“.
Примислав Димовски, пак, од виш инспектор во тим за обука во Единицата за специјални задачи –ЕСЗ е распореден во командант на „Алфите“, што претставува скок од 7 нивоа според систематизацијата на Министерството за внатрешни работи.
Третата одлука која беше одбиена од ДИК е наменета за Бранко Ракиќ кој од инспектор раководител на смена во Мобилна единица за патен сообраќај, со новото незаконско решение е назначен за началник на наведената единица, позиција со која се прескокнати 8 нивоа.
Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да тера партиска агенда диктирана од Зоран Заев, наместо да го почитува законот. Но и тоа му помина лесно пред Државната изборна комисија која со овие скандалозни одлуки докажа дека во мнозинство е наклонета кон СДСМ, пишува Курир.мк
Но ова не се единствените незаконски унапредувања спроведени со потпис од Спасовски од СДСМ. Најголемиот скандал избувна откако Спасовски ја награди својата сопартијка Ременски со огромно унапредување на нејзиниот сопруг, но секако не во законски рамки.
Унапредувањето на сопруг на колешка министерка неосновано за четири нивоа е срамно и крајно непотистички. Според законските прописи, вака може да се оцени потегот на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој го награди сопругот на Фросина Ременски со унапредување од четири позиции во МВР. Без никаков интерен оглас Спасовски спротивно на Законот за внатрешни работи го унапреди сопругот на Ременски за цели четири позиции. Јовче Ременски од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба со 720 бода е распореден на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК со 1050 бода, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. При тоа Ременски ниту врши исти, ниту сродни работи како што предвидува Законот.
Иако пред една недела Управниот суд донесе времена мерки и му забрани на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски незаконско да унапредува, тој одлучи дека партиската агенда и налозите од Зоран Заев се поважни и со поголем приоритет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа