Денеска е Св. Григориј Богослов

Во Црквата името Богослов го носат само три личности: Јован, апостолот и евангелист, Симеон, наречен Нов Богослов, и Григориј Кападокиецот, кого го славиме денес. Последниов се роди во 330 година во Аријанз.

Ги помина сите степени на тогашната наука, завршувајќи го образованието во Атина заедно со свети Василиј Велики. Григориј бил поетичен, чувствителен дух, но состојбите во Црквата во четвртиот век долго не му оставале можностда се повлече во ненарушено богомислие.

Тоа му пошло од рака кон крајот на животот. Се повлекол во родниот Аријанз и тука го предал духот на Бога околу 390 година.

 
 
07.02.2016 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега