Топло и ветровито време, температури до 14 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.
Температурата ќе достигне до десет степени.
Во наредните три дена ќе преовладува стабилно, суво и потопло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Во среда, под влијание на циклонска активност, се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд и со умерен југоисточен ветер.
07.02.2016 - 10:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа