Пожар во куќа во Скопје, има повредени

 

На улицата „Даутица“ во Скопје вчера во 16 часот настанал пожар во куќа сопственост на Г.М.(47).

Од пожарот со повреда во окото се здобил М.Н.(64) од Скопје, кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“ и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Пожарот е целосно локализиран од страна на екипите на Бригатада за противпожарна заштита.

Целосно е опожарен вториот кат од куќата, со површина од околу 65 метри квадратни и дел од покривната конструкција.

Во моментот кога избил пожарот во куќата биле сопственикот со неговата сопруга и внукот, кои веднаш ја напуштиле кога го забележале чадот.

Како причина за пожарот првично се наведува неисправна електрична инсталација.

 
 
06.02.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега