Метеоролозите ги носат најубавите вести

Викендов ќе донесе „подобрување“ на времето, барем во однос на последните два дена од работната недела.

И во сабота и во недела ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер, во сабота северен, а во недела јужен.

Минималната температура низ котлините ќе има вредност од -5°С до -1°С во сабота, додека недела ќе биде постудена наутро за околи 2°С во однос на сабота.

 

Максималната температура во ќе има вредности од 5°С до 7°С во котлините од северниот и западниот крај, и до 9°С на југоисток. Недела во однос на сабота ќе биде потопла преку ден за 2 до 3 °С.

 
 
05.02.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега