Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за здравство и за прашања на изборите и именувањата.

Пред Законодавно-правната комисија се предлог-законите за нотаријатот и за извршување, двата во второ читање, како и Предлог - законот за Центар за извонредност за трансплантациона медицина и хируршки болести во прво читање.

Комисијата за здравство ќе расправа по Предлог - законот за Центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести во прво читање, додека Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ја утврди Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

 
 
05.02.2016 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега