Облаци и пад на температурите: Викендот почна тмурно

 

Денеска е петок, 5 февруари 2016 година, 36-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 52 минути.

Денов трае 10 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 3 часот и 50 минути, а ќе зајде во 13 часот и 51 минута.

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 km/h.

Дневната највисока температура ќе биде во интервал од еден до осум степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец

Температурата ќе достигне до пет степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

 
 
05.02.2016 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега