Петте национални телевизии бараат поддршка на нивниот предлог за медиумите

Петте национални телевизии здружени во Македонската медиумска асоцијација имаа вонреден состанок на тема регулирање на медиумската сфера во Македонија.

Тие бараат четирите најголеми политички партии да го поддржат нивниот предлог за медиуми и за истиот да се расправа.

Македонската медиумска асоцијација-ММА (Сител, Канал 5, Алфа, Алсат и Телма)  смета дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.

Тие пред два дена на средбата со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев ги искажаа своите ставови.

Она што треба да се направи според ММА е да се инкорпорираат во постоечкиот закон нивните предлози кои, пред се, се однесуваат на намалување на казните и на регулирањето на авторските права кај кабелските оператори.

– Од името на петте национални телевизии сметаме дека овој закон е сосема доволен со инкорпорирање на нашите барања кои пред се се однесуваат на намалувањето на драконски високи казни и регулирањето на авторските права кај кабелските оператори, изјави Иван Мирчевски.

Тој додаде дека се подготвени да ги достават нивните предлози до Владата и до сите политички партии.

– Сметаме дека тоа се вистинските измени кои ќе донесат разрешување на накаква нејасна позиција на медиумите, рече Мирчевски.

За петте национални телевизии е прифатлив и изборниот кодекс за однесување за време на изборите.

 
 
04.02.2016 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега