Роналдо купува бразилски „Плејбој“
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо, одлучи да купи француска франшиза за престижниот магазин „Плејбој“. Легендарниот напаѓач сака да ја зголеми продажбата на овој популарен магазин за возрасни, кој во моментов е на десеттото место по читаност во Бразил. Во Бразил, „Плејбој“ во моментов се продава во 250,000 примероци, така што ова еротско списание во оваа земја ја има третата најголема армија на читатели на светот. Но, не така одамна „Плејбој“ во Бразил се продаваше во повеќе од милион примероци, па Роналдо е уверен дека може да ја достигне ваквата бројка повторно. Ел Феномено по завршувањето на кариерата се претвори во успешен деловен човек. Имено неговата фирма ги поседува правата на објавување на фотографиите познати како бразилски спортски асови, меѓу кој е и Нејмар. Покрај тоа, Роналди има ланец на теретани, ноќни клубови и спортска клиника.