Кружниот тек во Охрид добива финален изглед
Кружниот тек на „Туристичка“ во Охрид го добива финалниот изглед.
Привршуваат естетските зафати на новоизградениот кружен тек на крстосницата на булеварот „Туристичка“ и улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ во Охрид. Моментално екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредуват средишниот простор внатре во самите кружни текови, во големиот и секундарниот.
Целосно се завршени градежните активности на самиот кружен тек, каде е поставена нова атмосферска канализација, двослоен асфалт, а крстосницата е целосно одбележана и поставена е заштитна ограда за пешаците.
Ова е третиот кружен тек за регулирање на сообраќајот по најважната улица во Охрид, по оние на крстосниците со улиците „„АСНОМ“ и „Бистрица“.
Моментално во изградба е кружниот тек на крстосницата на булевар „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ кај Градскиот пазар, а во наредниот период треба да започне изградбата и на кружниот тек на крстосницата „Туристичка“ со „Јане Сандански“ кај охридската Гимназија.
Вчера беше предаден во употреба и новоасфалтираниот крак на улицата „Сирма Војвода“, што беше едно од барањата на жителите од тој дел на Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа