Ѓорѓиевски: Знаењата и искуствата од проектот на СДЦ ќе дадат придонес во нула корупција и администрација во служба на граѓаните

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на НДИ Македонија, оствари состанок со со главната директорка на програми Стефани Руст, вишиот директор Роберт Скот Хајзлет и колегите градоначалници кои учествуваат во проектот за зајакнување на општинската отпорност на корупција на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), како и со Дејвид Сип – тим лидерот на овој проект.

-За време на состанокот, разговаравме за општинските ризици за корупција. Лично сметам дека императивот на секоја локална самоуправа е да обезбеди квалитетни услуги за своите граѓани и затоа најмногу нѐ засега јакнењето на капацитетите на администрацијата бидејќи само со транспарентно и отчетно работење, можеме да говориме за намалување на можностите за корупција која води до губење на довербата на граѓаните во системот.

Додека пак транспарентноста, е една од најдобрите алатки за борба против корупцијата.

20.06.2024 - 19:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега