Ставрески во Кавадарци : Не отстапивме од ветувањата за подобар живот за граѓаните

Не отстапивме од ветувањата за подобар живот за граѓаните на Република Македонија, рече Зоран Ставрески на вечерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци. Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш меѓу народот, без разлика дали се ближат избори или не и секогаш сака да ги слушне гласот и идеите на народот кои се вградуват во програмите на партијата.

- Токму тој стил на работа не прави различни од нашите политички опоненти, бидејќи порано беше незамисливо политичарите да дојдат меѓу граѓаните како што тоа го правиме ние, рече Ставрески.

Тој потсети дека помина една тешка година за граѓаните на Македонија.

- Нашите политички противници го направија она што на еден или друг начин го правеа и останатите години. Внесоа нестабилност во државата, која во одредени периоди се закани да ги загрози и целокупната политичка стабилност и безбедноста на државата, а во други периоди да ги наруши економската стабилност и раст, инвестициите, отворањето на нови работни места и многу други значајни работи за граѓаните, рече Ставревски, нагласувајќи дека СДСМ го правеле сето тоа и измислувале афери со кои сакале да собираат политички поени, затоа што немале сопствена програма.

Потсети, исто така, на договорот од Пржино со кој, како што посочи, треба да се тргне политичката магла која ја окупирала земјата благодарение на СДСМ.

Говорејќи за многубројните проекти и вложувања во економијата, се осврна и на големата инвестиција во Кавадарци, отворањето на германската фабрика Дрекслмаер, во која се вработија околу 6 илјади луѓе.

- Овде се сменети атмосферата и животот, перспективата на луѓето, но истото се случи и во многу други градови во Македонија. Привлекувањето на инвеститори ќе продолжи и понатаму, рече тој, потсетувајќи и на инвестициите во другите општини и реформите со кои се подобрува економската клима во земјата.

Во своето обраќање до присутните Ставрески се задржа и на континуираната грижа за пензионерите, зголемувањето на пензиите и нивната редовна исплата.

- Ние се грижиме, исто така, и за останатите категории на граѓаните. За земјоделците во изминатиот период беа издвоени преку 700 милиони евра за субвенции, а и годинава издвојуваме значајни средства, околу 150 милиони евра, рече Ставревски.

Го спомна и инвестирањето во подобрувањето на животот на младите, преку бројни програми и вложувањето во нови училишта и спортски објекти. Го објасни и новиот проект со кој на младите им се овозможуваат субвенции за полесно да дојдат до сопствен дом. 

Ставревски изрази убедување дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на изборите на 24 април.

Пред кавадарчани се обратија и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов и пратеничката Весна Пемова, а многубројните присутни имаа можност да земат активно учество во трибината

 
 
03.02.2016 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега