Секс со орално задоволство за 900 денари - ова се цените на уличните проститутки

 

На магистралниот пат Приједор-Бања Лука има многу продавачки на љубов, кои нудат услуги. Како што пишуваат тамошните медиуми, полицијата немала сознанија за овој вид бизнис. Тоа било јавна тајна, бидејќи едни исти "стоперки" можат да се видат од Свада кај Приједор до Бања Лука. 

- Има четири-пет. Слушнав дека едната имала син наркоман кој ја тера тоа да го работи. Другата е мажена и нејзиниот сопруг знае со што се занимава таа, но изгледа важни му се само парите и паричникот да му биде полн, а не му е битно неговата жена што работи, раскажал приедорчанецот, чиј идентитет е познат само на редакцијата на "Дневни аваз", кој поради работа секојдневно поминува по овој магистрален пат.

Исто така, тој раскажал и дека една "дама" пред некој ден му влегла во автомобилот. Кажал оти таа го стопирала, одма влегла во неговиот автомобил и почнала да му раскажува некоја безвезна приказна.

Кажала дека кога се враќала некој старец и понудил 20 марки да го задоволи орално и нагласила дека кога би бил млад со задоволство ќе го направела тоа, но него ни за 50 марки (1500 денари) тоа задоволство не би му го пружила, раскажал тој, и додал дека кога таа ја видела неговата реакција сфатила дека нема ништо од "таа работа", го замолила да застане и се симнала од колата.

Како што пишува "Независне новине", кризата и конкуренцијата ја има во секоја работа, па така и во овој најстар занает цените се намалуваат. 

Извесен Драги за весникот раскажал дека на некој средношколец од село блиску до Бања Лука неговиот "пријател" го почестил и му платил комплетно задоволство кое го чинело само 30 марки (900 денари). 

За работата која ја работат овие жени не кажуваат никому и ретко разговараат, а од новинарите бегале како од полиција, заклучува весникот.

 
 
03.02.2016 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега