Редовна средба на партиите од коалицијата “За подобра Македонија”
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовна средба со партнерите од коалицијата “За подобра Македонија”.
Се очекува на средбата на која ќе присуствува и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, да се разгледаат актуелни општествено-политички прашања.
Средбата ќе се одржи во 12:30 часот во просториите на Порта Македонија.