Сите полудеа по овој рецепт - еве како да направите пица во филџан

 

За подготовка на овој едноставен рецепт не треба многу време. Проверете зошто за само неколку дена „пицата во чаша“ стана најбаран рецепт на Интернет. Потробни ви се само неколку минути и микробранова печка. 

Сосотојки: 

4 лажици брашно

сол

1 пакетче прашак за пециво

1 пакетле сода бикарбона

3 лажици млеко

1 лажица масилново или сончогледово масло

1 лажица сос од домати

неколку парчиња салама или чајна - по ваш избор

оригано или некој зачин кој вие го сакаате

Подготовка: 

Во голем филџан ставете го брашното  потоа додаете го пецивото, тоа добро измешајте го. Потоа додаете го млекото и маслото, повторно измешајте и тестото е готово. 

Подлогата намачкајте ја со сосот од домати, па над неко ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата или чајната и сето тоа зачинете со оригано.

Подготвената пица ставете ја во микробранова и печете ја неколку минути. 

 

 

 
 
02.02.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега