Прилепчани најзаинтересирани за државните грантови за самовработување

Над 150 прилепчани се пријавиле на повикот на Агенцијата за вработување да користат грантови за започнување свој бизнис. Огласот е во тек и трае до петок, информираат од Бирото за вработување во Прилеп.

На денешната прес-конференција во локалната самопуправа прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласи дека оваа владина мерка е најискористена во Прилеп и градот е лидер во користењето грант од државата за самовработување. Во осум години ја искористиле 650 прилепчани.

- Ги повикуваме прилепчани, особено младите да ги искористат средствата за сопствен бизнис. Прилеп е лидер во искористувањето на поволностите што ги нуди оваа владина мерка. Досега неповратните средства на државата за почнување сопствен бизнис ги искористиле 650 прилепчани со што го решиле и своето вработување, рече Ристески.

Вера Ристеска од Центарот за вработување која ја води оваа владина мерка, нагласи дека прилепчани се крајно заинтересирани и веќе пристигнале 150 барања за новиот циклус државни грантови од по 3.000 евра.

- Прилеп е водечка општина во искористеноста на владините мерки, особено со грантови за самовработување. Досега голем интерес имаше за започнување бизнис од трговијата, услужните, браварските дејности, објасни Ристеска.

Локалните власти и Регионалната стопанска комора од Прилеп ги повикаа невработените и работодавците да ја искористат и мерката за обука и субвенционирано вработување.

Прилепскиот градоначалник Ристески потенцира дека со огласот кој трае до крајот на годинава, вработување може да најдат голем број невработени, почнувајќи ја тримесечната обука.

- Мерката им одговара и на невработените и на работодавците. Имаат три месеци платена обука од по 6.200 денари, 6 месеци со платени придонеси од 14.000 денари и 5.000 денари за работодавачот по лице, кои треба да ги задржат 12 месеци и да не го намалат бројот на вработените, посочи Ристески.

Според Ристо Најдоски, извршен директор на Регионалната стопанска комора, работодавачите веќе бараат обучени кадри во одредени занимања.

- Оваа мерка е поволна и за работодавачјите. На седницата на Управниот одбор на Регионалната стопанска комора е заклучено дека работодавачите бараат обучени работници од дефицитарните занимања: бравари, дреари и текстилци, рече Најдоски.

 
 
27.01.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега