Честитка од Димитриев до српската заедница во Македонија по повод Свети Сава

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев по  повод празникот Свети Сава упати честитка до претставниците на српската заедница во Република Македонија.

– Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Делото на овој просветител има големо значење во културниот и духовен развој на српската етничка заедница, и тоа дело оставило и траен белег во негувањето и ширењето на христијанската мисла на балканските простори оставајќи зад себе вредности базирани на меѓусебното почитување, довербата и соработката.

Затоа ни претставува чест заеднички да го прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, која претставува значаен дел од нашето општество, и придонесува во општествениот, економскиот и политичкиот развој на нашата земја. Уверен сум дека српската етничка заедница и во следниот период ќе биде активно вклучена во сите мерки и активности кои се преземаат со цел обезбедување на економски раст и развој на земјата, подобрување на стандардот на граѓаните и реализација на реформите за подобрување на можностите во секоја општествена сфера, и дека со меѓусебно почитување и уважување ќе продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани и за напредна и модерна Република Македонија. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам добро празнично расположение, среќна слава за сите граѓани кои овој ден го прославуваат како своја куќна слава, како и многу здравје, среќа и бериќетна 2016. година. Нека Ви е честит големиот празник!, се невдува во честитката од Димитриев.

 
 
27.01.2016 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега