Ова утро поразлично од другите: Се менуваат температурите во Македонија
Утринските температури во пораст, а снежната покривка се намалува. УХМР информира дека утрово се измерени минус 4 степени во Берово, минус 2 во Струмица, Тетово, Битола, -1 Маврово, Лазарополе, 0 Пожар, Претор, Демир Капија, Штип, Крива Паланка, Прилеп, Скопје и Куманово, 1 Охрид, Дебар, Виница и Крушево, 2 Тополчани, Гевгелија, Ѓуриште, Дојран и Пожаране и 3 Кавадарци.
Снежната покривка во Маврово е 24 сантиметри, Лазарополе 19, Берово и Крушево 10, Пожаране 9, Ѓуриште 7, Тетово 6, Пожар 5, Тополчани 2 и Струмица еден сантиметар.
Во поголемиот дел од земјава преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а во источните и југоисточните делови локално има зголемена облачност. По одделни котлини има појава на магла со слаб, а во Полошката котлина со умерен интензитет. Дува слаб ветер од променлив правец, особено на повисоките места и планините.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност , претпладнево со појава на магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време. До петок ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа