Димитриев: Ниеден лидер на политичка партија не ја оспорува работата на СЈО

 

Јас досега од ниту еден лидер на политичка партија немам видено дека се оспорува работата на Специјалното јавно обвинителство, истакна денес  премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитриев одговарајќи на новинарско прашање.

-Напротив сето она што е потребно за функционирање на оваа институција од страна на Владата е обезбедено. И сега апелирам дека и ако има дополнителни барања до Владата за нормално функционирање, стоиме на располагање и сметам дека воопшто не е доведено во прашање функционирање на оваа институција, вели Димитриевс кој денес присуствуваше на настанот по повод завршувањето на градежните работи на објектот на Јавната здравствена установа УИ ПЕТ ЦЕНТАР, Скопје.

 
 
25.01.2016 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега