Министерство за култура распиша оглас за директори

 

Министерството за култура распиша јавни огласи за избор на тројца директори. Директори се бараат за националните установи Центар за култура – Крива Паланка, Охридско Лето – Охрид и Центар за култура Кочо Рацин – Кичево.

Кандидатите мора да исполнуваат следните услови:

  1. Државјанин на Република Македонија;
  2. Во моментот на избирањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција, забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на високо образование утврдено со статутот на установата;
  4. Има минимум пет години работно искуство во областа на културата;
  5. Има положено психолошки тест и тест за интегритет,

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Статутот на установата:

  1. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистичките науки;

II

Кандидатите за избор на директор на установата треба да достават и своја Програма за работа и за развој на установата, како стратегија за наредниот четиригодишен период (2016-2020), во согласност со Законот за културата, како и следните документи ( оригинал или заверен препис кај нотар):

– пријава со кратка биографија;

– доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или хуманистичките науки;

– доказ за минимум пет години работно искуство во областа на културата;

– уверение за државјанство;

– потврда дека нема забрана за вршење професија, дејности или должност ( не постаро од шест месеци);

-потврда за положен психолошки тест и

– потврда за положен тест за интегритет;

III

Огласот трае 8 дена од денот на објавувањето.

Пријавите со Програмата и другата документација треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на адреса: ул. „ Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61- Скопје или во Архивата на Министерството за култура, најдоцна до 16,30 часот последниот ден од огласот.

Материјалните доставени на огласот не се враќаат.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.

IV

Министерството за култура, согласно член 31-а од Законот за културата, со избраниот директор на националната установа по овој јавен оглас, ќе склучи менаџерски договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на Министерството култура и директорот.

 

 
 
25.01.2016 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега