Џерард до крајот на кариерата во тимот на Ливерпул

 

Долгогодишниот капитен на Ливерпул Стивен Џерард останува верен на клубот и во иднина, со што само се потврдија информациите дека фудбалерот од средниот ред до крајот на кариерата ќе игра за тимот за кој дебитираше пред 15 години. 

Меѓусебната соработка само еднаш во 2005 година беше доведена во прашање кога за неговите услуги најмногу беше заинтересиран тимот на Абрамовиќ Челзи. Досега Џерард настапи на 630 натпревари а постигна 159 погодици некои вредни и за освојување на трофеите од Лигата на Шампиони, Уефа Купот, ФА Купот и Лига Купот. 

Единствен трофеј кој му недостасува на Џерард, а кој многу го посакува е шампионската титула од Премиер лигата.

најчитано сега