Ќе имаме сонце со заби - вакво време не очекува денеска

 

 

Времето во Македонија претпладне сончево, а од пладневните часови променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од минус три до минус пет, а дневните од нула до четири степени.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови променливо облачно. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до два степени.

Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има услови за појава на слаб локален снег.

Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури и ќе настапи период на позитивни дневни температури. 

 

 

 
 
24.01.2016 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега