Еве кои земјоделски производи најмногу поскапеле на пазарите
На зелените пазари во јуни 2013 година во споредба со истиот месец лани се забележува најголемо зголемување на цените кај компирите, кромидот, зелката и лимоните.
Од друга страна најголемо намалување на цените е забележано кај црешите, праските и бананите.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо е евидентирано кај компирите, кромидот и зелката. Најголемо намалување се забележува кај морковот, дињите и бананите.
ФОТО: Дневник