Минатата година 50 илјади лица биле корисници на социјална заштита во Македонија
Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во текот на минатата година социјална заштита во Македонија користеле 18.181 малолетни и 34.588 полнолетни лица.
Гледано по услуги на социјална заштита, правата за социјална парична помош се најмногу застапени со 51.2 процент, односно со 38.9 проценти од вкупната социјална помош.
33.717 домаќинства минатата година биле корисници на социјална парична помош.