Градоначалникот Бакрачески на меѓународна конференција за бегалската криза

 

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествува на меѓународната конференција за градоначалници посветена  на бегалската криза,  што вчера и денес се одржува во Виена, Австрија.

На дводневната работна средба  најбројни се  градоначалниците од земјите погодени од кризата  со бегалците, а учествуваат и експерти, претставници од невладиниот сектор и бегалци. Се очекува да се понудат мерки, конзистентни политики и решенија кои ќе бидат спроведливи  во земјите погодени од бегалската криза. Заклучоците  засновани на начелата на демократијата и човечките права ќе бидат адресирани на национално и интернационално ниво.

На конференција чиј покровител е „Кахане“ фондацијата од Австрија, учествуваат градоначалници, заменици градоначалници и претставници  на локални самоуправи од повеќе европски  и азиски земји.

 
 
22.01.2016 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега