Забранет сообраќајот за камиони на Стража
Денеска е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на Стража.
Забраната важи за тешки товарни возила над 7,5 тона на магистралниот пат Гостивар-Кичево и обратно преку планинскиот превој Стража.
Забраната е воведена поради изведување на градежни работи на мостот кај Церово.
ФОТО: Дневник