Петар Рупески го фати светиот крст во Охрид

Светиот празник Богојавление Водици денеска беше одбележан во Охрид, каде огромен број капачи беа во водите на Охридското Езеро во потрага по светиот крст.

Најсреќен од сите беше Петар Рупески од Варош, кој оваа година по трет пат беше оној најсреќниот во чии раце заврши светиот крст.

Ладното време и ниската температура на водата не ги поколеба верниците. Над 500 лица одлучија да се искапат во осветената вода и се обидат да го фатат светиот крст.

Чествувањата утрово започнаа со света архиерејска василева литургија во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, како и во сите парохиски цркви во Охрид.

За присутните на охридското пристаниште и годинава традиционално се делеше топла ракија и вино.

 
 
19.01.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега