Емил Димитриев ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст

Денеска се празнува Бојојавление Водици, а група православни верници ќе се фрлат по крстот во реката Вардар во Скопје.

По повод чествувањето на празникот Богојавление  Водици, претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на парламентарните избори, Емил Димитриев, денеска (вторник, 19 јануари 2016 година), ќе присуствува на чинот на положување на Светиот крст во водите на реката Вардар.

Настанот ќе се одржи на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“.

Почетокот е предвиден за 11:45 часот.

 
 
19.01.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега