Николовски: Ова е финале што треба да значи крај на политичката криза

Пратеникот Александар Николовски вечерва на собраниската расправа за избор на преодната Влада рече дека ова е финале на процес почнат минатата година кој треба да значи крај на политичката криза во Република Македонија.

- ВМРО-ДПМНЕ стои отворено и ги повикува сите оние кои и мислат добро на државата во деновите што доаѓаат заеднички  да работиме кон создавање перфектни услови за организација на изборите. Изборите досега биле оценети од сите релевантни меѓународни институции како фер и демократски. Исти и подобри треба да бидат и изборите кои следуваат. Во таа насока, нашата поддршка е целосна кон работењето на Државната изборна комисија и на сите релевантни институции поврзани со организацијата на изборите, рече Николовски.

За Емил Димитриев, кој ќе биде премиер на преодната Влада што ќе ги организира изборите, Николовски рече дека е убеден оти е личност која ќе даде се од себе за, како што рече, да имаме совршен процес кој ќе им даде доверба на сите граѓани дека ќе бидат употребени најдобрите можни политики и практики. 

- Сакам да ги повикам нашите колеги од СДСМ, нашите пријатели, заеднички да работиме во овој процес. За нас тука гласале граѓаните на Република Македонија исто како и за нив. Секогаш во Парламентот некој е мнозинство, некој е опозиција, но работата мора да биде заедничка. Се надевам дека добрата мисла која ја имаме за Македонија и конструктивниот приод ќе го има од сите страни, рече Николовски. 

 
 
18.01.2016 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега