Димитриев: Водењето на преодната владата која ќе ги организира изборите е голема одговорност, но и голема чест на која безрезервно пристапувам

Да се прифати улогата на премиер кој ќе ја води преодната влада која ќе ги организира изборите е голема одговорност, но и голема чест, на која што безрезервно и пристапувам, истакна на денешната собраниска седница за избор на нова Влада привремениот премиер за организирање на изборите Емил Димитриев.

-Сакам да заблагодарам на премиерот Никола Груевски за водењето на земјата, особено за менаџирањето на состојбите во изминатиот исклучително тежок период и од политички и од економски од безбедносен аспект, за неговата политика која не дозволи ескалација на состојбите и политика која што со мудри чекори придонесе земјата да се извлече од тензичната состојба и да обезбеди услови за напредок, како и за довербата која ми е дадена од него и од партијата да управувам со преодната влада, а која се надевам одлука ќе ја подржите. Мудроста е значајна и карактерна карактеристика, но и значајна категорија која има рефлексија во секоја општетсвена група.Сите ние треба мудро да се однесуваме, и да дејствуваме во најдобар интерес на земјата и граѓаните. Патот кон успехот е резултат на правилен избор на одлуки, истакна Димитриев.

Тој додаде дека преодната влада која ќе ја предводи ќе го продолжи започнатото дејствување за реализација на изборен процес кој ќе биде ослободен од било какви дилеми за евентуални влијанија во изборниот процес.

-Наша задача е организација на избори кои ќе бидат фер и демократски, слободни и ефикасни, и ние таа цел ќе ја реализираме, потенцираше Димитриев.

 
 
18.01.2016 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега