Констатирано временото повлекување на Груевски од функцијата премиер

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски попладнево во рамки на 87. седница го констатира временото повлекување на Никола Груевски од функцијата претседател на Владата.

Како што рече Вељаноски, повикувајќи се на член 220 од Деловникот на Собранието, со повлекувањето на премиерот, престанува и мандатот на членовите на Владата.

Врз основа на член 93 став 5 од Уставот, Владата останува на должност до изборот на нова Влада.

Вечерва во 19 и 30 часот претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе го врачи мандатот за состав на Влада на Република Македонија на Емил Димитриев.

 
 
18.01.2016 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега