Јакимовски: На 24-ти април ќе се реши политичката криза

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски вели дека граѓаните на 24-ти април ќе одлучат за подобри перспективи.

-Длабоко сум убеден дека почитувањето на законската одредба донесена со консензус во Парламентот да одиме на избори на 24-ти април е добро пред се за граѓаните на Република Македонија, зашто имаме разрешница на политичката криза. Добро е за стопанствениците затоа што се отвораат перспективи за нив и добро е за меѓународниот углед на Република Македонија. На 24-ти април граѓаните ќе бидат тие кои ќе одлучат кој натаму ќе ја води Република Македонија, односно ќе му ја дадат довербата на оној за кој што сметаат дека обезбедува подобри перспективи за нив и нивните семејства, рече Јакимовски.

Лидерот на ГРОМ ги повика сите актери во изборите, партиите, граѓаните и институциите да бидат на висина на својата обврска со цел да имаме фер и демократски избори.

 
 
18.01.2016 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега