Груевски: За многу години, од денес сите ќе можеме да кажеме – 24 април беше денот кога заврши политичката криза

Време е да одиме напред. За многу години од денес сите ние ќе може да погледнеме назад и да кажеме: „Ова беше денот кога заврши политичката криза.“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата на политичките лидери од коалицијата „За подобра Македонија“.

-Тогаш ќе може и да погледнеме наназад и да кажеме: на 24-ти април народот го даде мандатот со кој нашата држава тргна одлучно по патот на нов просперитет, нови работни места, повисоките плати, меѓународен углед и политичка стабилност. Од денес се јавува една нова светлина. Денес работите се променети. Дискусиите за одлуките повеќе не се помеѓу политичарите. Од денес дискусиите за судбината на нашата држава и нација ги водите вие. Од денес зборува народот на оваа држава, истакна Груевски.

 
 
18.01.2016 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега