Стоилковиќ: Да се сочува смислата на демократијата во Македонија, избори на 24 април

„Коалицијата за подобра Македонија“ имајќи цел да се избегнат можните политичко-безбедносни проблеми во државата и да се отвори една нова страница во политичката живот која ќе ги ослободи граѓаните од секојдневните стеги и очекувања за тоа што ќе се случува во наредниот период, одлучено е да се коалицијата да излезе на избори на 24 април, појасни денеска Иван Стоилковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија.

Ваквата одлука, појасни тој, е и со цел да се сочува смислата на демократијата во Македонија а согласно денешната изјава на портпаролот на ЕК, дека Република Македонија е спремна за избори на 24 април.

-Да ги ослободиме и инвеститорите од прашањата за тоа што ќе се случува во Македонија за да можат понатаму да ги реализираат инвестициите. Но исто така и да се подобри работата на институциите на системот во Македонија, односно да се заврши така наречениот дуализам на Власта кој согласно пржинскиот договор, понекогаш доведува до гушење  или до слаба работа на институциите, ние едногласно донесовме одлука. “Коалицијата за подобра Македонија“ да излезе на изборите на 24 април и да ја побара поддршката на раѓаните на Република Македонија да продолжи да ги подобрува условите за секојдневниот живот на граѓаните и  да продолжи по патот на понатамошниот економски и политички развој, изјави Стоилковиќ.

 
 
18.01.2016 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега