Груевски: Нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза

Партиите членки на Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ја прифатија одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април годинава.

Како што изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата, Македонија мора да оди напред, граѓаните предолго се заложници на деструктивната политика на опозицијата.

- Нашата држава тргна одлучно да се стави крај на политичката криза и да напредуваме храбро кон иднината. Ова започнува со изборите на 24 април, истакна Груевски.

Тој додаде дека време е Македонија да оди напред. - Многу години од денес, ќе кажеме дека ова беше денот кога заврши кризата, кога народот го даде гласот за просперитетот на државата, истакна Груевски, додавајќи дека предвремените избори се најдобриот излез од кризата.

Според него, ДИК и МВР, со кои моментно работи СДСМ, имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори. 

 
 
18.01.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега