Вечерва седница на Собранието за оставката на Груевски

Оставката на Премиерот Груевски денеска ќе се најде пред пратениците на собраниската седница закажана за попладнево во 17 часот. По ова се очекува претседателот Иванов вечерва да му го врачи мандатот на Емил Димитриев кој ќе биде задолжен да ја води Владата која ќе треба да ги спроведе изборите. Се очекува кабинетот на Димитриев да добие зелено светло од пратениците денеска пред полноќ.

По ова се отвора слободен пат за организација на изборите на 24 април како што беше договорено летово во Пржино.

 
 
18.01.2016 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега