Супер вест за средношколците - ќе одат бесплатно во театар

Театар Комедија почнува да ја спроведува одлуката на Владата за слободен влез за средношколци во среда. 

В среда, средношколците имаат слободен влез за претставата „Господарот на кукавицата“ од Венко Андоновски, а во режија на Андреј Цветановски.

Минатогодишната акција „Слободен влез во четврток“, продолжува и оваа година. В четврток за студентите ќе има слободен влез за  претставата „Нешто пропуштаме“  од Горјан Милошевски, во режија на Бојан Трифуновски.

Овој петок Театар Комедија ја спроведува акцијата „Слободен влез за постдипломци“ за претставата „Лисистрата“ од Аристофан, во режија на Наташа Поплавска.

 
 
18.01.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега