Судот го одбил Црвенковски како сведок- адвокатот на Груевски задоволен од пресудата

Застапникот на премиерот, адвокатот Никола Додевски, рече дека се задоволни од пресудата особено во делот дека станува збор за клевета.

Адвокатот на одбраната Оливер Ристовски не сакаше да ја коментира судската пресуда и рече дека ќе поднесат жалба. Рече дека во судскиот процес биле одбиени сведоците меѓу кои требало да биде и Бранко Црвенковски и Антонио Милошоски и Лазе Еленовски.

Реакциите на адвокатите доаѓаат по одлуката на Граѓанскиот Суд да го осуди Тито Петковскиз а клеветење на премиерот Никола Груевски со изјавата дадена за Фокус во која тврди дека Груевски прифатил проемна на името пред Самитот на НАТО во Букурешт.

Ниту Груевски ниту Петковски не беа во судницата кога судијата ја изрече пресудата.

фото: Денешен.мк

најчитано сега