АНКЕТА: Заев да не бега од соочување со народот - самиот бараше избори

Изборите договорени за 24-ти април не треба да се одложат. Заев сам си бараше избори и сега не може да бега од нив.  Ова е ставот на охриѓани, кои беа дел од анкетата на телевизијата О2.

Граѓаните сметаат дека Заев не треба да бега од соочување со народот. Но она што јасно го потенцираат е дека според нив, само со избори, Македонија ќе илезе од оваа политичка криза.

Еве што изјавија дел од анкетираните охриѓани:

-Не доаѓа во обѕир да се промени датумот. Како? Поради што? Тој самиот бараше избори, од каде сега откажува? Му е страв дека ќе изгуби. Тој ги малтретира луѓето, тоа не е убаво. Тој според мене е еден нечовек. Тој си го гледа интересот, не го гледа мојот и твојот интерес. Тој си вика „Јас да се збогатам, а утре ќе избегам“.

-Изборите би требало да се одржат. Заев треба да се сложи и да излезе на избори. Не треба да се повлече. Не знам што мисли, не треба така да се однесува.

-По секоја цена, избори да се одржат како што е договорено. Однесувањето на Заев е крајно безобразно.

-Изборите треба да се одржат и народот да го каже своето мислење. И еднаш да се престане со оваа македонска епопеа на разделба.Такви несигурни мислења како неговите, не се одржливи и Заев не е во право што вика еднаш да, па после не.

 

 
 
18.01.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега