Натрупа половина метар снег: Снежниот бран дојде во Македонија

Најмногу снег денеска има наврнато во Маврово 46 сантиметри, потоа 33 во Лазарополе, 29 во Пожаране, 25 во Берово, 23 во Крушево, 17 во Ѓуриште, 16 во Тополчани, 15 во Тетово, 11 во Претор, 10 во мерната станица Пожар, Битола, Крива Паланка, 9 во Штип, 5 во Охрид и Струмица и 3 сантиметри во Прилеп и Виница.  

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Претпладнево во западните планинските предели со провејување на снег. Дневната температура ќе се движи во интервалот од - 6 до 1 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно студено и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до - 3 степени.

Ваквото време ќе се задржи до среда.

 
 
18.01.2016 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега