Договар за развој на планинскиот туризам во Маврово

Зголемен квалитет на планинските тури и повеќе туристи во Маврово треба да овозможи договорот за продлабочување на соработката што ќе биде потпишан денеска помеѓу Националниот парк „Маврово“ и Здружението на водичи во планини „Апленд доживување“.

На планинските туристи во Маврово треба да им се понудат подобро одржувани и означени патеки, како и подобри услуги од обучени и локални водичи.

Покрај ексклузивното право за користење на детската патека „Бунец“, на која ќе се организираат и спроведуваат детски планински тури, водичите од „Апленд“ добиваат право и за користење на планинарските патеки за организирање тури за планинарење. Воедно здружението се обврзува да ги одржува патеките и да се грижи за сигнализација на патеката заедно со вработените во НП „Маврово“.

Договорот ќе го потпишат директорот на НП „Маврово“ Онер Јакуповски и претседателот на „Апленд доживување“ Фејсел Идризи.

Соработката помеѓу НП „Маврово“ и здружението „Апленд“ започна со отворање едукативна детска патека во Маврово, за што добија и обука за работа со деца преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка спроведена од Свисконтакт. 

 
 
18.01.2016 - 08:56
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега