Температурите уште ќе паѓаат, од среда промена на времето: Еве кои градови мрзнат утрово

Најладно утрово е во Маврово каде во 7:30 часот се измерени - 13 Маврово степени, - 12 се измерени во Лазарополе, - 11 во Пожаране и Крушево, - 10 во Ѓуриште, -9 во Пожаране, - 8 во Тополчани и Претор, - 7 во Дебар, Крива Паланка и Берово, - 6 во Прилеп, - 5 во Охрид, Битола, Тетово и Куманово, - 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, - 3 во Кавадарци, Струмица, Скопје Петровец, - 2 Дојран и во Демир Капија.

Во поголемиот дел од земјава претпладнево преовладува облачно и студено време, а во југозападните и југоисточните делови со умерена облачност. Дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во Скопската котлина и Штип, каде ветерот на моменти достигнува брзина од 45 до 60 км/час. Во западните планински предели има сеуште провејување на снег.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието и источните делови. Претпладнево во западните планинските предели со провејување на снег. Дневната температура ќе се движи во интервалот од - 6 до 1 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно студено и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Највисоката температура ќе достигне до - 3 степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно и студено време, особено во вторник и среда кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда. 

 
 
18.01.2016 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега