Добивте порака дека „Viber“ ги наплаќа разговорите? Дознајте за што станува збор

 

Апликацијата „Viber“ останува бесплатна и пораката која ја добија корисниците за наводна наплата на услугата, не потекнува од компанијата.

„Viber им овозможува на сите корисници ширум светот да бидат во контакт, бесплатно. Да разменуваат пораки, да разговараат, да уживаат во игрите и да разменуваат различни содржини со пријателите и членовите на семејството, каде и да се - без ограничувања“, соопшти денеска компанијата.

Инаку дел од корисниците на Viber добија спам порака, со преупредување дека популарната мобилна апликација ќе ги наплаќа услугите.

 
 
15.01.2016 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега