Монасите од Бигорски објаснија како се скока по светиот Крст

Монашкото братство на Бигорскиот Манастир, заедно со Игуменот, Отец Партениј повикаа на достоинствено одбележување на престојниот празник, Богојавленије, или попознат како Водици, кој МПЦ го одбележува на 19 јануари во вторник.

Бигорскиот Манастир апелира до сите учесници, кои на овој ден имаат намера да учествуваат во вадењето на светот Крст од осветените води на реките во Македонија, тоа да го направат како што предвидуваат црковните правила, за да и денот и настанот имаат духовно и вистинско црковно значење, а не да се претвора само во обилчен ритуал и во натпреварувачка игра.

Изминативе години речиси на секое чествување на Водици се случуваа скандали, кои го оцрнуваа одбележувањето на овој ден. Со цел да се доведат работите во ред, Скопската Епархија веќе го укина т.н. дарување на најсреќниот со разни материјални предмети.

Годинава и дебарско-кичевската епархија ја презема организацијата на Водици во Охрид.

Апелот на минасите прочитајте го на Религија.мк

 
 
15.01.2016 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега