Зима во Македонија - еве каде вее снег во моментов

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива без забрани по влажни коловози. Авто мото сојузот на Македонија информира дека на Стража, Маврово, Павлешенци, Пресека, Ѓавато, Буково и Крушево провејува слаб снег.

На патниот правец Велес - Гевгелија кај клучката Смоквица денеска од 8 до 14 часот има геодетско снимање од страна на ГЕИНГ за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Надвор од градските средини интензитетот на сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања

 
 
15.01.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега