Груевски на средба со еврокомесарот Хан

Во резиденцијата на Европската унија во Скопје во тек е средба на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Тој на средбата е придружуван од министерот за надворешни работи Никола Попоски, за здравство Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и шефот на Кабинет Мартин Протугер.

Претходно еврокомесарот Хан имаше средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој по средбата заедно со потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во актуелната Влада, замина од резиденцијата на ЕУ.

По средбата со Груевски, еврокомесарот Хан треба да има средби и со лидерите на ДУи и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Пред почетокот на средбите Хан со четворицата лидери на политичките партии потписници на договорот од јуни/јули 2015 година иизјави дека очекува оти денеска ќе биде добар ден.

Од Европската комисија во Скопје најавија дека по поединечните средби еврокомесарот во текот на денот ќе има и и заедничка средба со партиските лидери на која се очекува да присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли. 

Се очекува денеска да биде постигнат финален договор во врска со неколку отворени прашања поврзани со договорот од Пржино како што се медиумите и прочистувањето на Избирачкиот список, но исто така се очекува до крајот на денот да биде познато дали предвремените парламентарни избори ќе се одржат во рокот што беше договорен - 24 април 2016 година или, пак, тие ќе бидат пролонгирани како што бара опозицијата. 

 
 
15.01.2016 - 12:13
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега