Груевски: На изборите ќе кажеме „Македонија успеа и ние сме дел од таа голема победа“!

На изборите ќе кажеме „Македонија успеа и ние сме дел од таа голема победа“, истакна премиерот Груевски во обраќањето до јавноста.

-Денес Македонија им докажува на сите дека верува во себе и знае што прави, и се бори за себе и својата подобра иднина и нема да дозволи никој да си игра со тоа! Јас верувам во вас и верувам во Македонија! Знам дека и вие верувате! Одиме напред! Заедно, рамо до рамо, секој ден до денот на изборите кога повторно ќе застанеме цврсто и со гордо крената глава ќе кажеме – успеавме – Македонија успеа и ние сме дел од таа голема победа, заклучи Груевски.

 
 
14.01.2016 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега